Преминот
Неговиот поглед беше вперен некаде далеку. Размислуваше. Размислуваше за сите оние мали нешта во животот што те тераат да бидеш … СИЛЕН !!!
О да . Размислуваше и за тоа како се најде тука , со неа. А , да таа беше прекрасна. Но зарем е тоа битно сега кога има поважни работи за размислување? Паааа…. битно е , а и не е.
Но сепак , треба да се врати на своите вистински мисли…Да своите вистински мисли.Тајните на Универзумот , тајните на човечкиот ум, паранормалните појави. Но како , како може да го направи тоа кога покрај неа сите тие работи се неважни. Како ?
… Некој некогаш ми кажа дека тајната е во едноставноста.
– Едноставно , не се труди да го разбереш животот , не се труди да ги разбереш “луѓето” затоа што тие нема да се потрудат да те разберат тебе.
Точно, никој не се труди да ме разбере. Сите се толку внесени во своите проблеми и во надополнување на своето ЕГО, толку многу внесени што не ја гледаат оваа убавина што се наоѓа пред нив.
Ние луѓето живееме во свет ограничен само со време. Време за будење, работно време, време за појадок, време за ручек, време за забава. Но зарем тоа ВРЕМЕ постои ? Зарем само тоа не спречува да опстоиме без страв? Зарем тоа е она што ни наложува да бидеме толку ранливи?
Пред два века точно еден евреин(?) рекол дека се е релативно и дека времето не постои . Тоа е точно … Се разбира не за секого. Дали некогаш ова “совршено” суштество, оваа симбиоза од луѓе ќе го разбере тоа? Можеби …
… Веќе беше преморен. А и доцна беше . Втората месечина се појавуваше на пурпурното небо , што значи дека според онаа човечки наложена претстава за времето , сега е околу полноќ. Да, време е за последниот сон. Тој не се чувствуваше воопшто заморен или спремен да го направи тоа. Зошто? Ја мразеше помислата дека треба да го заврши својот престој на овој свет сега…
…Премногу е рано . Релативно рано. Ми требаа 200 години да се најдам себе си, а само 20 дена за да “заминам” од тука. Тука се е така прекрасно. Таа не знае дека ќе заминам. Не можам да и кажам дека заминувам. Всушност јас и не заминувам , туку само се враќам од местото од каде што дојдов. Мислам дека тоа беше онаа мала ништожна планета … Како ли се викаше ? Да таму каде што живеат оние безвредни суштества наречени луѓе . Не е битно…
Тој не го знаеше тоа . Знаеше дека и таа доаѓа од таму. Помислата дека можеби таму повторно ќе се сретнат му даваше голема сила. Тогаш го облеа смиреност. Не се осетил толку смирен … Пред да дојде тука тој имаше некоја ознака, нешто што луѓето го викаа име. Тука се разбира тоа не беше потребно затоа што тука неговата егзистенција, неговиот идентитет, не беше загрозен поради недостаток на информации или поради недостаток на “пријатели” . Тука едноставно беше тој , еден од многуте “регулатори” , кои го контролираа и го чуваа она човечко време. Тука сите беа исти. Сите беа среќни затоа што поимот тага не постоеше , бидејќи поимот време беше премногу релативен за сите овие ентитети околу него, па никој не се залагаше да ја запишува историјата , бидејќи ја немаше. Никој не знаеше кој од каде доаѓа . Секој знаеше само каде треба да оди. ТУКА беше премногу … раздвижено…
…Вчера е сега, утре е вчера или обратно . Се е толку помешано , а сепак се е толку хармонично , толку едноставно, толку неограничено, ТОЛКУ ЗБУНУВАЧКИ…
…Мораше да мисли и на преминот. Да , мораше. Не знеше само кога ќе се појави . Знаеше точно каде . Тоа го плашеше малку , но тука и не постоеше страв. Стравот го идентификуваа како незнаење. Кај луѓето стравот беше поинаку опишан. Кај луѓето…
…Има многу емоции. Тие се повеќе ограничени од нас со тоа “време” . Заробени во самите себе, не знаејќи дека времето за нив и не постои…
…И тогаш некаде од длабочината на неговиот ум исплива следното прашање…
… А всушност колку сум јас стар ? 1 секунда, 1 ден? Тука тоа не е битно , но таму … таму е премногу битно.Битно е, битно е времето. Толку многу го поврзуваат времето со сите свои потреби во животот. А зарем тоа е живот? …
…Премногу беше сето ова , овие мисли го мачеа. Се чувствуваше како да бил цел живот во некоја стапица од која не може да излезе. Реши да престане. Повторно ја погледна. Нејзината смиреност го воодушеви.Таа беше тука секогаш кога тој ќе се вратеше , секогаш го чекаше. Не знаеше каде се запознаа. Не знаеше ни дали таа патува. Знаеше само дека таа беше тука, само тоа. И тогаш почна . Почнаа оние вообичаени чудни блесоци, она магловито познато чувство на леснотија и меланхолнија. Тој веќе поаѓа…
… Зарем сега? Но зошто? Сеуште останаа неодговорени истите прашања, се уште остана истата болка. Доцна е. Време е за последниот сон, време е за збогум…Да, збогум…За сега…
…Полека легна на подот, ги затвори очите, и замина…Замина со помислата дека повторно ќе дојде тука, со надеж дека следниот пат ќе има повеќе време за истите прашања, повеќе време за да ја исфрли од себе таа иста голема болка. Сепак на секој крај единствено само надежта останува… За секогаш.
Малиот
… Мартин имаше само 5 години.Не се разликуваше многу од другите деца, барем на прв поглед.Часовниците беа негова опсесија. Сакаше да ги гледа, да ги слуша “како прават тик-так”. Кога ги слушаше беше многу среќен.Смирен. Со часови седеше, некаде, држејќи го часовникот од неговиот дедо и го гледаше. Ги гледаше стрелките како се движат, ниту многу брзо, ниту многу споро. Точно онолку брзо или бавно колку што е неопходно. Знеаше дека тоа е правилно. Знаеше не затоа што тато му кажа. Знаеше. Длабоко во себе чувствуваше дека тоа е така. Го гледаше тој стар xебен часовник на дедо му и тоа му беше доволно за да почувствува дека постои, дека може да ги прави сите оние работи што ги прават и возрасните. Иако тато и мама постојано му велеа да си игра со неговите врсници бидејќи ” едно младо и убаво момче како тебе не треба по цели денови да си го троши времето зјапајќи во часовници ” , тој знаеше дека тоа е досадно. Премногу досадно . Само сакаше да ги разгледува тие часовници.Само тоа.
Еднаш проба да се забавува со неговите врсници. Тоа беа деца од соседните куќи. Сите беа љубопитни, палави , нетрпеливи да станат возрасни. Мартин не го сакаше тоа …Но сепак се обиде да се дружи со нив…
…Мартин ајде да одиме кај страшната куќа . Ајде ! Ќе се пошегуваме со чичко Рики.Ќе му фрламе камења во дворот…
“Страшната куќа” беше една стара запуштена куќа каде што живееше господин Рики. Никој не му го знаеше вистинското име и презиме, дури ни возрасните. Сите родители ги плашеа своите деца со тој човек кога беа непослушни или немирни. “Ако не си легнеш сега ќе дојде страшниот чичко Рики и ќе …” . Имаше премногу варијанти на заплашување . За малиот Мартин сите беа безсмислени. Тој г-дин Рики за него беше само обичен човек. Но сепак имаше нешто чудно кај него. Иако живееше сам и беше премногу страшен тој сепак беше чуден, на добар начин. Тој “страшен” господин беше премногу добар за да биде страшен.
Сепак, тој ден Мартин појде со своите врсници кај истата таа куќа . Сите деца почнаа да викаат, фрлаа камења во дворот, а Мартин само чекаше. Го интересираше само една работа . Сакаше да дознае каков е тој поглед што ги стаписуваше и плашеше дури и возрасните. Што има толку страшно кај тој постар господин што ги плашеше другите. Чувствуваше дека вреди да го направи тоа, чувствуваше премногу голема потреба да го направи тоа иако не го разбираше потполно ниту зборот потреба ниту нагонот. Тогаш г-дин Рики полека се појави , излезе од влезната врата и полека исчекори на скалите , вперувајќи го оној страшен поглед кон сите деца. Сите се разбегаа, само Мртин остана. Остана стоејќи како да е парализиран. Свеста му велеше да потрча да избега, но имаше нешто многу јако , нешто што му велеше да остане , да гледа.
Човекот што стоеше на скалите имаше околу триесетина години, носеше црни чевли, црна кошула и црни панталони. Имаше толку длабок поглед. Мартин го забележа сето ова иако стоеше на десетина метри од него. Малиот Мартин гладно го впиваше секој детал што беше во врска со страшниот чичко Рики . Тие две човечки суштества се гледаа меѓу себе подолго време. И тогаш пред малиот нешто силно светна. Нешто што го натера полека да се заврти и да зачекори кон својата куќа. Беше пресреќен. Знаеше зошто, но не можеше да го опише бидејќи не разбираше се уште доволно.Тој мал човек сега во себе ја носеше тајната на сите тие часовници и беше среќен…
…Малиот Мартин имаше само 5 години.Не се разликуваше многу од другите деца, барем на прв поглед.Часовниците беа негова опсесија. Сакаше да ги гледа, да ги слуша “како прават тик-так”. Кога ги слушаше беше многу среќен.Смирен. Со часови седеше, некаде, држејќи го часовникот од неговиот дедо и го гледаше…Но сега знаеше…
Враќањето
…Повторно беше таму каде што припаѓа. Не беше преоптоварен со поимот време. Не беше преоптоварен ни со поимот тело. Враќањето беше нешто што го претскажуваше повторниот премин. Враќањето беше потсетување намногу прашања. Сите тие го сакаа враќањето. Ја сакаа таа мистерија околу нив, го сакаа тој свет со малку поими, свет недефиниран од материјалните суштества. Меѓусвет. Место каде што мистеријата беше неизбежна.
Двајцата повторно се сретнаа. И двајцата имаа премногу прашања, но чувствуваа дека нема потреба од одговори. Ја сакаа мистеријата како и сите други. Се сакаа. Или барем нешто слично на тоа. Нешто што ги врза за секогаш постоеше. Беа среќни. Толку . беа среќни…
…Се сети на нивнот врзување, на она прво љубовно доживување…
…Зора.1678 година, 29 април, сабота.Или можеби беше петок.Собата беше преплавена со мирис на испотени тела.Поточно две испотени тела.Поточно едно машко и едно женско тело.Да, да…Двете тела лежеа прегрнати на тој груб душек.Иако беше тврд, душекот не претставуваше пречка за страсната ноќ што измина.Ноќ на екстази, ноќ на разменување на љубов…
…Ноќ.1678 година, 28 април.Двете тела се споени.Тие се еден до друг.Тие се заедно. Неговите раце полека минуваат по нејзината нежна кожа, краткотрајно покривајќи ја секоја нејзина пора, притоа апсорбирајќи ги незините воздишки како да се последната работа што ја слуша. Даваше многу од себе. Ги даваше своите бакнежи…Ги предаваше своите бакнежи, го даваше своето срце, ја подаруваше својата насмевка…
…Утро.1678 година, 29 април.Собата беше преплавена со светлина.Облаците премногу добро го криеја сонцето што требаше да ја осветли и насмее селската природа.Сепак собата беше преплавена со светлина.Две насмевки светеа…
Прашањата престанаа повторно.
1999
Пристигнав. И ти пристигна со мене. Заедно пристигнавме на едно место, каде што ќе бидеме заробеници. Ропството тука е дар. Или ќе бидеш роб или нема да бидеш ништо. Роб на своите мисли, потреби, емоции. Едноставно роб. Полека го отварам очите. Ова е куќа, пријатна куќа. Од нејзините ѕидови зрачи светлина, но сепак се чувствуваат невидливите синџири кои што те врзуваат за овој универзум. Ние имаме една задача. Треба да ја звршиме за една теранска временска единица или 80 човечки години. Тоа е малку време…
Ги гледам овие човечки суштества околу мене. Толку многу се трудат да го сменат својот свет секој за себе. Забележувам и дел од нив кои се како нас, односно тие се од “нашето” место. Посакувам да можеше и ти да го видиш ова , но ти си само советник, ти не го поседуваш тоа сетило. Вид. Сетило базирано на нерви кои реагираат на надоаѓачка светлина. Да вид. Секогаш ме засмејувале овие самонаречени биокомпјутери. Се сметаат за комлексни природни машини и сакаат да си го олеснат животот правејќи некои примитивни помагала, направени според правилата на нивниот свет. О, прераснати мајмуни, затоа ли Господарот ви овозможи да стапнете на следното скалило на еволуцијата? Кои сте вие да го менувате универзумот и правилата во него? Вие , мили мои, бевте и се уште сте само еден експеримент, Вие сте само еден примитивен атом, микросвет кој нема скоро никакво значење во просторот. Самите се доведувате до граница на лудило пробувајќи да го преуредите универзумот онака како што вам ви одговара. Колку малку знаете за самите себе ни Вие не сте свесни…
…Тоа беше голем излог. На него пишуваше “Антиквитети”. Продавницата се наоѓаше во Nењ Ѕоrk, “Големото јаболко”. Влегов . Ме облеа светлина од насмевката на малата прекрасна блондинка што стоеше позади касата.
– Повелете , како можам да ве услужам?
– Барам амајлија?
– Дали би можеле да ми ја опишете?
– Па тоа би требало да изгледа како не многу мал железен диск, со смарагд во неговиот центар, би требало да потекнува од 1200 год. п.н.е.
– Мислам дека имаме нешто такво. Ве молам причекајте.
Пријатна личност. Можеби потекнува од нашиот свет. Или пак можеби е само уште еден хибрид. Од Врховниот совет ме предупредија и ми кажаа дека во другите светови постојат околу 100 милиони хибриди. Некои од нив станале свесни за свето потекло и оформиле нешто како тајно друштво, кое се обидува да не избрка. Што мислиш ти? ….
Малечката продавачка се врати.
– Го најдов господине, дали е ова тоа што го барате?
– … Да , токму тоа.
– Ќе ве чини 10 000 долари.
– Во ред. Дали работите соVISA?
– Да … Причекајте да ви го спакувам.
– Се извинувам, дали е ваша продавницата?
– Не, ја наследив од татко ми .
Позади неа на ѕидот беше закачена слика на еден висок човек во униформа, до кого стоеше мало, старо човече со ориентални црти на лицето.
– Дали е тоа вашиот татко?
– Да , тој беше воен аташе на Велика Британија во Тајланд.
– Човек од авантура?
– Не , тој само го барал своето место во светот.
– Извинете ако прашав нешто погрешно, но сепак љубопитноста беше премногу јака.
Таа благо се насмевна. Што ли се крие позади таа светла насмевка? Го мразам овој начин на патување , толку многу ме ограничува.Ме тера на размислување.Тоа пак премногу ме ограничува, се губам самиот себе си во своите мисли…Човекот на сликата изгледаше како да се нашол самиот себе си во тоа некое заборавено местенце, обраснато со треви и дрва. Тој материјализам го направил толку спокоен. Чудно е колку многу можеш да дознаеш од изразот на лицето. Не , сепак не е. Тоа се само законите , правилата, треба само да ги запомниш и…Останатото е веќе познато…
Малечката продавачка имаше навистина интересна приказна. Да таа беше светлината што недостасуваше на неговиот универзум. Тоа спокојно мало сусштество ги сакаше вистинските и искрените бои на животот. Таа беше последниот дел од сложувалката , целта на неговото патување. Требаше само да го најде одговорот на прашањето што тие му го поставија и теи ќе беа едно. По тоа ВРАЌАЊЕТО е веќе неизбежно, хармонијата на духовниот дом е веќе пред него…
Роб на времето
… Ноќ… Заробен во своите мисли бесцелно талкаше во џунглата од бетонски зданија, полни со желби и луѓе. Полни со надеж. Зарем скитникот,зад оној столб, што го рани своето куче, е единственото навистина живо суштество во оваа мизерна, огромна макета, производ на контстантното движење на енергијата? Зарем сите останати души не знаат дека живеат?…
Зарем… Но и не е битно сега тоа. Битно е да се преживее следниот час, следната минута, следната секунда.
…Изгубени души, да вие што го продолжувате клишето на вашите родители, вие кои што сте исполниле само една капка од она што се очекувало од вас, знаете ли дека можете да бидете живи? Знаете ли дека вашата моќ е многу поголема од она што го гледате и чувствувате секој проклет ден? Не вие ништо не знаете.
… Бог е семоќен, бог го створил човекот според ликот свој… Човекот е Бог… Боже , помогни ми да се најдам себе си, помогни ми да го пребродам овој ден , овој проколнат временски ограничен ден… Изгубен човеку, па ти веќе си …
… И се уште е ноќ. Тој се уште е заробен во своите мисли… Залудно…
Хаосот
… Патував. Долго патував. Патував низ мислите на моето его. Го слушав ехото на моето двоумење. Сакав да знам. Сакам да знам. Се уште се прашувам… Можеби секогаш ќе се прашувам.Можеби… Заклучив дека се битни моментите, еден момент значи еден живот. Живеев многу животи. Доживеав многу моменти. Времето сепак не постои, тоа е само граница што сами ја поставивме, начин на доживување на работите. Битно е сега и тука… Но јас едвај се држам за сламката , вкопана и израсната во моментот тука, а сепак чувствувам дека сум доживеал многу моменти… Остарев? Не.
… Очите и светеа. Таа блескаше… И повторно се прашувам, треба ли да ти го раскажам ова? … Воздишка… Олеснување… Надеж… Љубов… Болка… Зависност… Несигурност… Љубов… Светлина… Убавина… Ти го давам овој хаос од зборови, емоции и моменти, тоа е една приказна, можеби досадна, можеби возбудлива… Оваа сложувалка само јас ја доживувам како нешто свето. РЕШИ ЈА!!!…
ТЕ САКАМ!
Љубов
Седеа еден до друг во тесната просторија. Нивните погледи повремено се сретнуваа. Нејзината присебност и приземјеност ја дополнуваше тишината во малата просторија. Неговите фантазии и хаотични емоции забележително се одразуваа , преку гримасите што ги правеше. Живееја исти животи, но сепак различни… и ова што го пишувам е глупаво… И повторно истото. Што е реалност, што е фантазија? Што е лудило, што е нормалност? Го гледаме светот не онаков каков што е , туку онака како што не научиле…
Јас сум мравка. Мравка меѓу џиновите што сакаат и не знаат како да го гледаат тоа што е пред нив…
Дадено ни е време , наше е да одбереме што ќе правиме со него. Па времето не постои. Постојат само различни светови. Свет. Дали овој поим , математички, физички, филозофски, зависи од концептот време? …
Таа има мека, нежна, бела кожа. Убава е… не, не, прекрасна е. Но таа … таа не сака да го прифати мојот свет. Јас не барам да живее во него, само да го разбере, да ме разбере. Љубов… Одраз на хемиска реакција, надеж дека е пронајдена идеалната фантазија, надополнување на етеричното тело… дефиниции, дефиниции…
… Седам сам во истата тесна просторија. Креветот е неудобен, тврд. Секогаш бил. Работната маса е празна. Добро е што ја исчистив , никогаш не сум сакал да оставам неред зад мене. Од мојата десна страна, на ќебето, лежи пиштолот. Немам друг избор. Само ова е начинот да докажам дека времето не постои. Glock. Го чувствувам, го допирам со врвовите од прстите на десната рака. Нежно. Како да го милувам. Секогаш ме восхитувале дразбите на сетилото за допир. Меко. Рапаво. Нежно. Топло. Ладно… Чувство…
Го држам во десната рака. Прекинувачот за безбедност е откочен. Возбуден сум. Ама морам. Морам да знам, морам да докажам. Не на светот, не на себе си… на универзумот… Ја чувствувам ладната цевка на слепоочницата. Рано е. Се уште не е 13 часот. Но зашто да чекаме. Го повлекувам прекинувачот…
… Тесната соба беше полна со луѓе. Солзи и прашања… Болка…
Солзите на мојата душа
Та замина. Светлината од мојот живот ја снема. Со неа отиде и мојата душа. Мојата надеж.
Една солза се лизга по мојот десен образ. Таа солза е тажна.
Меѓу-просторот
Се вративме повторно. Заедно. Не знам дали и ти ја чувствуваш оваа мала празнина и болка во … (насмевка) Душата. Не знам што е. Сакам да …
И го кажуваше тоа што го беше искусил на претходното патување. Претходната разделба. Тие сепак беа едно. Две парчиња од големата сложувалка, наречена Универзум… Или барем таков поим научи додека беше меѓу мајмуноликите суштества… Колку ли само се примитивни и слепи. Но , има надеж за нив. Секако , ако успеат да не се уништат самите себе. Но тоа и не беше битно во тој момент. Повторно, битни беа тој и таа, тие два ентитета, тие две енергии, парчиња од сложувалка. Битно беше … Што се повторно тука, на ова свето и тивко место , каде што започна се… или можеби не започна, каде што постоеше се, од секогаш….
… Колку ли само поими сум присвоил, се чувствувам како да ми е загаден мозокот од тие примитивни суштества. Без разлика во кое време , на кое место, едноставно … уф… Мило ми е што си тука со мене.
… Сакав да не ми се случи следното преминување, сакав да го поминам мојото момент, мојот живот… не, не. мојата егзисетенција да биде тука со неа… Зошто? Зошто ми се случува ова, зошто морам да одам , зошто мораме да одиме, заедно, на различни и … далечни ? Па , не би рекол далечни … сепак, сум загаден… Далечни места? Дали онаа голема сила што не праќа има некој план за нас? Го изгубив својот идентитет, повторно, се загубив себе си…
… Но сепак , и покрај овие прашања имаше сосема доволно време. Време кое ќе го … Време? … Другите почнаа да го избегнуваат, тој за нив беше отпадник. Ме прашуваш зошто? Па , тој почна да ги прифаќа оние човечки идеи и закони , тој беше “загаден” од истите тие … идеи… Повеќе не знаеше што да направи. Можеби ќе чека. или можеби…
… Не , нема да чекам. Ќе го направам тоа што не се очекува од мене. Иако , на некој начин сум дел од таа голема сила, јас морам да одам по патот , да го исчекорам. Ние повторно ќе бидеме тука. Ако е тоа казна. тогаш ја прифаќам. Ги прифаќам тие страдања, само затоа што ти си ми потребна…
…Втората месечина се појави. Тоа значеше само дека помина уште само еден период, еден интервал… има уште две месечини до повторното заминување… тоа е доволно… можеби премногу… Времето тука не беше воопшто важно. Сите останати само го правеа тоа што им го наложуваше Големата сила. Тој почана да разбира. Виде дека не се разликуваат многу од оние суштества кои што требаше да ги чува и подучува… Тоа беше тешко… Особено подучувањето… Секое враќање беше во различно време, различна форма. Грдо… Но…
… Сепак, морам да го направам ова. Другите Чувари … Ах… Не знам повеќе… битна е таа, нејзините очи, нејзиното присуство. Тука никој не “кажува” каде е назначен да оди, да чува, да подучува. Дури ни таа. Иако не ми кажува, гледам во тие сјајни и блескави очи, гледам во тоа прикажување на нејзиното постоење (луѓето тоа го викаат тело, смешно), ги посматрам флуктуациите на бои кај неа, и знам … можеби само претпоставувам… сепак, можеби ќе се сретнеме на истото место, по нашето заминување. Доволно беше, нема повеќе мисли. Нема повеќе флуктуации во моето постоење, мојата претстава тука… ќе бидам со неа и ќе го чекам моето заминување…
… Тогаш виде дека се случува нешто. Одеднаш, сите , повторно го прифатија… барем тие што останаа. Тие , сите заедно беа чувари. Никој не знаеше зошто, на што, која е вистинската сила што ги води , што ги праќа на тие “патувања” … Никој од нив не знаеше што чуваат.
… Очигледно не сум единствениот/ единственото што се запрашува. Ми велат дека сум најнов тука, кога го прашав едниот од многумината од каде знае, тој ми одговори “Почувствувај, ти се уште не си се нашол себе си. Кога ќе го најдеш твоето место, тогаш ќе те прифати Големата сила”…
… По втор пат се појави втората месечина. Уште малку. Таа не се одвојуваше од него, или пак тој од неа… Беа заедно и чекаа. Немаше размена на информации меѓу нив. Знаеја на некој начин дека еден ден… Таа замина… Тој остана да чека… Уште малку и…
Набљудување
Таа лежеше на софата, испружена. Нејзиното , полуголо тело беше опуштено. Мојата задача беше да ја упатувам. Сепак, јас сум дел од големото постоење, од големото движење. Се уште се прашував како функционираат односите меѓу спротивните полови кај овие суштества и што по ѓаволите гледаат сите оние мажи во неа ( по ѓаволите , тоа го научив тука, сигуно сум дека ќе бидам казнето кога ќе се вратам во континуумот, но , интересно е ) . Да продолжам со моето набљудување. Таа стана. Носеше само градник,гаќички и свилена ноќница. полека одеше кон огледалото. Застана. Мислам дека се восхитуваше на своето тело подолго од 10 минути, нежно допирајќи ги убаво обликуваните мускули на стомакот, задникот… Се прашував , и се уште се пршаувам, ако бев машко , како ќе реагирав, какви емоции ќе извираа од мене? Но , јас сум само едно бесполово суштество, бестелесно, според нивните погледи на светот. Не верувам дека некогаш ќе дознаам.
… Полека , ноншалантно и нежно се оддалечи од големото огледало и повторно се испружи на софата. Размислуваше. Размислуваше за тоа колку многу е осамена , а сепак може да го има, да го поседува секој маж на планетава. Добро не баш секој. И се додворуваа секој ден од најпрефинети и најкултурни господа до најнеуки и најсиромашни идиоти, со одвратни манири. Тоа е толку не веројатно за мене, набљудуваљето на сите тие ритуали и ситуации…
Таа е прекрасна девојка. Има долга,црна и мазна коса. Телото и е (беше , сеедно , за мене времето не е граница) убаво извајано. Таа вечер, откако легна на софата повторно, посегна кон малата масичка со стаклена плоча. Ја зема Беретата, купена на црно, и почна да се милува со неа. Полека ја движеше цевката по нејзиниот рамен стомак, воздивнувајќи од возбуда. Неколку пати забележав дека сака да го повлече прекинувачот, мислеше дека така… Не е битно. Се предомисли. Го остави пиштолот на масата. Свати дека е осамена и покрај многуте додворувачи. Почна да плаче. Тивко , во себе. Солзите полека се лизгаа по нејзините млади образи. ја крена главата , претходно сокриена со дланките, и погледна кон огледалото повторно….
…. Треба сега да заминам. Иако би сакал да останам да набљудувам уште , но колективот, големото постоење , ме повика. Сите ние , набљудувачи , сме едно, една целина…
Не свртувај се човеку
Страв. Сите тие се плашеа од нешто. Од утрешниот ден, од претпоставениот-шефот, за своите деца. Сите живеат во страв. Го гледав мојот штитеник. И тој се плашеше. Се плашеше да не греши, да не го направи она што одамна го мачеше.
… Ножот што ми го подари дедо ми? Не , сепак е ризично, не сакам. Не сум убиец. Сакам да бидам ЧИСТ пред Господ. Но тој, тој е , тој е бесчувствително копиле. Морам да го сопрам. Ако ангелот ми го покажа вистинскиот исход од неговите амбиции и желби, морам , едноставно морам да го отстранам. Го загадува овој човечки затворен универзум. Неговите пораки и пропаганди дека сме сами и дека само еден треба да не води … одвратно… Сите тие слики…. Обезглавени тела, мајки молат за животите на своите деца… морам … Морам да го сопрам својот брат. Но тој ми е брат. БРАТ!!! По ѓаволите , како да го УБИЈАМ својот брат. НО МОРАМ…
… Во еден момент , почувствува дека нема да го направи тоа. Помислив дека сум згрешил, сум го избрал погрешниот штитеник. Но тоа беше наредба од советот. Јас, како член извршител, морам да ги следам нивните напатсвија. Морам да го водам мојот штитеник до крајот , морам да бидам со него. Неговото преминување , како што беше пресметано и предвидено, е неизбежно. Тој треба да стане еден од нас. Продолжив да посматрам. Го гледав тоа кревко суштество како се двоуми. Неговата одлука беше неизбежна. Тој почна да САКА да го направи тоа…
… Пиштолот? Не. Сепак овој нож. Овој нож ми го подари големиот шаман од Чиле. “Светлиот бодеж” , така го нарече…
…. Треба да се сретнеме. Ја кревам Слушалката од безжичниот телефон. Го вртам бројот на мојот РОДЕН и САКАН брат, голем човек, деловен човек. Во неговата десна рака ги држи тестисите на сите мали влијателни рипчиња, а со неговата лева рака им заповеда. Како не го видов тоа досега. Еве го :
· Ало?
· Здраво Симон.
· БРАТЕ! Како си? Нешто се случува? Зашто ми се јавуваш доцна?
· Имам изненадување за тебе Симон
· Навистина? Сакаш да се искупиш за роденденот нели? Па може да почека до утре…
· Не Симон, не може, утре веќе нема да биде изненадување, а ме знаеш мене брате, никогаш не сакам да те држам во неизвесност и исчекување…
· Во ред брат, кажувај.
· Сретни ме за половина час во гаражата во зградата на Андреа, твојата секретарка
· Ееееј, сакаш да ме наместиш?! Мислев дека си ми брат?
· Не Симон, нема никаква врска со тоа, само сретни ме , ти ветувам , ке бид е огромно изненадување. Те молам.
· Во ред, во ред, се чекаме таму за 30 минути. Друго нешто брат?
· Ќе ти раскажам се кога ќе се сретнеме, во ред?
· Ок, како сакаш…
· Те молам , дојди сам, не ги носи они твои говеда со 2 грама мозок, изненадувањето е само за тебе.
· Но… Ок , ќе дојдам сам.
· Се гледаме Симон.
… Можеби треба да го земам и овој шприц. Чудно се појави од никаде на мојата маса. Можеби е отров? Можеби. Тоа не е битно сега. Јас ја донесов мојата одлука….
… Го посматрав долго време. Беше смирен, Повеќе отколку што очекував. Ме изненадува. Сепак , јас сум само еден пион, потрошен материјал, и се чудам како опстојав толку еони. Од една во друга цивилизација, од еден во друг облик. До сега требаше да станам член на советот. Но тоа не е битно, морам да го поддржам. Седна во неговата тојота. Го следев цело време, бев до него, над него , бев со него, тој воопшто не се плашеше, едноставно веруваше…
… Ќе чекам да излезе од колата , ке го прегрнам и тогаш, ке го заријам ножот во неговото срце. Не сакам да ги гледам неговите очи. Само сакам да го завршам тоа што ми беше кажано. Еве го, навистина е сам. Секако , тој не се одвојува од својот Мерцедес, понекогаш мислам деко го сака повеќе од својата прекрасна жена. Ако воопшто ја сака. Колку пати ги прекинував , ненамерно , неговите секс сеанси со Андреа. Ја заведуваше со празни ветувања. Клише…
· Здраво брате . што е толку важно што ме измолкна од мојот мек и удобен кревет?
· Симон, ти си ми брат, те сакам како брат, по смртта на мама и тато , останавме само јас и ти, секој тргна по својот пат, се плашам дека твојот може да заврши прерано.
· Какви неразбирливи глупости тресеш Марко? Што зборуваш човеку?
· Симон , те молам , те молам , те преколнувам свести се , смени се , те молам како брат , Симон!
· Мојот живот Марко е мој живот , јас те извадив од оние гомна во кои беше заглавен цели 10 години, немаш никакво право да ми кажуваш што да правам, ЈАСНО! А баш, си помислив дека сакаш да се искупиш за роденденската забава на која не се ни појави.
· Симон не ми остваш избор, уште еднаш, те преколнувам, смени се!
· Бладаш човеку, бладаш… Можеби треба да те однесеме некаде , некоја болница , институција, да ти помогнат…
… Тој го прегрна својт брат. Го сакаше. Иако ова што треба да го направо го болеше, тој ќе го направи. ДА! Конечно. Брзо и силно го зари ножот во неговиот граден кош. Не течеше многу крв на почетокот. Телото на Симон падна. Зачудено гледаше , беше збунет. Во неговиот поглед се гледаше предавство. но Марко, не го гледаше воопшто. Стоеше така и слушаше како неговиот роден брат полека преминува, умира. На подот се разлеваше крвта на Симон. Ножот беше целосно навлезе , потполно ја уништи едната комора на неговото срце. Марко сеусште стоеше. Не се воздржа. Се Сврте. Гледаше во безживотното тело на брата си. Плачеше. Но , истовремено, почувствува мир, леснотија. Му порачав да не се врти , но тој сепак… значи навистина треба да премине. Го разбра значењето на инјекцијата. Тоа беше еден вид на цијанид. Не само што го труе телото, туку и инстантно го разградува. Ја зари силно иглата од шприцот во својот граден кош и силно притисна. Неговото тело почна да се тресе. Потоа, падна на асфалтниот под. Се што остана од материјалнот Марко беше неговата облека. Конечно почнавме да се поврзуваме. Му пренесов да не се врти, но тој, сепак се сврте. Тоа премногу човечки. Старешините беа во право, тој требаше да премине и премина. Го започнувам процесот за патување кон Меѓупросторот…. Марко сепак се сврте. Трагично, но сепак човечки
Written by Martin Zycel
Последниот запис
Книгава е мачна за читање. Не можам да престанам да мислам на неа. На нејзините очи. Усни. Допирот од врвовите на нејзините нежни прсти.
Нејзиниот мирис. Сепак , треба да се вратам назад на работа. Звучникот огласи “жолта тревога”. Значи блиску сме.
Оваа проклета војна … Ни самите не сме свесни колку изгубивме. Колку изгуби ЧОВЕШТВОТО.
Да, да, сите беа среќни, нова технологија, клонирање, децата на Земските мајки нема да гинат…
По ѓаволите со тоа, сепак се луѓе. Проклетите бирократи не го гледаат тоа што ЈАС го гледав. Човечки ектремитети , лебдат во празниот мртов вакуум. Обезглавени трупови…
Да се претставам, јас сум капетан Самир Бекуовски, задолжен за првиот нападен ескадрон. Под моја команда имам 200 душу (или како што милуваат нашите ГОЛЕМИ генерали да ги именуваат “кукли”).
Да , секако , ми требаше време да се помирам со фактот дека јас, сепак водам и испраќам живи човечки суштества да гинат. Живи…
Веднаш откако ке излезат од коморите за созревање , ги приклучиваат на оние бездушни main-farme компјутери кои според некакви алгоритми генерираат и им всадуваат карактер, лажни сеќавања.
Значи сепак го достигнавме нивото на низок морал, си играме господ. Се тешиме дека овие “кукли” ќе ни помогнат во оваа проклета војна против Харзите. Кој ли им го даде тоа име. Харзи.
Првиот контакт со таа вонземска раса беше уништувањето на трите орбитални истражувачки станици околу Јупитер. Аххх… Имаат помоќни бродови, десет пати посилни и поразорни оружја, но сепак…
Куклите… По се изгледа тие ни се единствена шанса… Имавме среќа… Или можеби бевме само глупави. Оние прастари нуклеарни проектили… Ги успорија…
Знаеш , по четвртата светска војна… но веќе знаеш за оние паметни сателити со нуклеарни и какви се не проектили… Црвена тревога , морам да одам. Морам да ги спремам моите кукли за смрт.
Сепак, тие се потрошен материјал. Крај на записот…
Мелодијата на сонот
Го слушам звукот на пијаното. Не сакам да престане. Не сакам да знам како е да се живее без … Раскош, без љубов, без пријатели. Не сакам да знам какво е чувството секојдневно да мора да ја газиш својата гордост и свиоте принципи, не сакам да знам како е да се биде отпадник на општеството, неприфатена личност поради различните погледи на она што е и не е тука. Сакам да го слушам пијаното , сакам да го слушам се додека … додека не си отиде музата на мојата креативност, додека не паднам во бунарот наречен реалност, се додека моите обврски и страсти и потреби не ме обземат повторно. Овој звук има живот , живее сам за себе, не е мртов , иако е само дигитален запис, логички единици и нули… Сепак , има живот.
Жедта ме обзема , но тоа не е битно. Битно е дека сега ке ти ја раскажам приказната за неа. Да повторно таа. Љубов велиш? Големото филозофско прашање , љубов… Да претпоставиме дека е љубов. Тогаш , јас сум вљубен во нејзините очи, во нејзините усни, во нејзините раце. Јас сум вљубен во нејзиниот смисол за хумор. Ме засмева, знаеш? Тоа ми годи, ми се допаѓа. Или можеби сум само вљубен во идејата дека таква личност, такво прекрасно суштество , е со мене. Иако не во моментов додека ти го раскажувам ова клише (можеби и не е), јас ја чувствувам. Да пријателе, таа е дел од мене, а сепак… Сепак толку далеку. Овој звук на пијано , ме опива. Го опива мојот мозок како бело, нежно суво вино. Го опива мојот дух, ја открива мојата илузија. Сакам да живеам во овој звук, да бидам дел од него, макар и еден тон, една нота…
Те заморив пријателе мој? Или сакаш уште да ги впиваш овие зборови, овој дел од мојата интимна свест? Чезнееш по ваква занесеност и ти , нели? Ах, прашања, заборавам колку ги мразиш. И таа твоја насмевка . Очекувана беше. Ја препознавам таа насмевка. Го препознавам начинот на кој ти се исцртуваат брчките на твоето вечно изморено лице. Таа насмевка пријателе , ги открива и твоите очи. Напатени, изморени, но сепак, така полни со нежност, љубезност, копнеж… Доволно беше , пријателе мој, музата ме напушти, не напушти и двајцата… Те оставам да копнееш и да сонуваш. Јас … јас ке се опивам со овој звук на пијано вечерва, седејќи на оваа проклето тврда фотејла, размислувајќи за тоа што се можам да направам а не го правам, сега, додека се опивам себе си со овој звук…